Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.
Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.
До златниот пехар Србите стигнаа без ниту еден пораз на Европското првенство и со неверојатен триумф над домаќинот Франција во полуфиналето и Словенија во финалето. Ова е трето европско злато за нашите соседи.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.
Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.