26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.
Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.
Македонските претставници во Лига Европа не можат баш да се израдуваат нa денешната ждрепка во Нион. Никој од трите македонски претставници не доби лесен противник, осбено не Шкупи кој ќе се судри сo 54 кратниот шампион на Шкотска.
ФК Вардар vs ФК Работнички. Градско дерби кое стартуваше во 15:00 часот. Да не знае човек на што попрво да се изначуди. Терминот на одигрување или “големиот“ интерес на скопската публика која не ја наполни арената Филип Втори ниту со Фенербахче, Зенит и Реал Сосиедад. Ако можете обидете се да изброите колку публика има. А дерби е.
Фудбалерите на Работнички го совладаа Вардар со 2:1 во дербито на колото во првата македонска лига. Ах колку ни е мизерна таа наша лига која веќе ни семкарите не ја следат. Дејан Блажевски зема да се витка и да се држи за колено како да го тепале со шипка, а голманот на Работнички, Даниел Божиновски доби црвен картон за ништо. Уште почудно е што главен судија на мечот беше Александар Ставрев.