Италијанскиот Скај Спорт се навраќа на оние играчи кој од овие или оние причини, дошле како метеори но мистериозно не успеале во Серија А. Први во редот се Панчев, Роби Кин и Египѓанецот Мидо, а на листата е и некогашниот страшен талент од Струмица.
Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.
Ракометарите на Вардар со победа ја отворија 2017-та во Лигата на шампионите и стигна до седми триумф во 10-то коло од групната фаза. Разликата во квалитет беше пресудна на оваа балканска пресметка во елитното натпреварување.
Фудбалерите на ПСЖ минатата сезона остварија рекорд на освојувањето на шампионската титула со најголема бодовна разлика. Во тоа потесно друштво се наоѓа и Вардар благодарение на онаа историска сезона без пораз и со 119 постигнати голови.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.
Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.