Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.
Стереотипно, се смета дека женските политики се секогаш понежни и помалку расистични од машките. Историски податоци за жени на раководни позиции на американскиот ККК кој заговара(л) супериорност на белата раса, антисемитизам, хомофобија и антикомунизам, прикажува една поинаква слика.
Во нова книга под наслов „С-точка: феминистичката потрага по среќа“ (во оригинал The H-Spot: The Feminist Pursuit of Happiness) авторката Џил Филиповиќ, адвокатка и активистка, оди чекор понатаму во дискусијата за тоа дека жените законски и општествено треба да се еднакви со мажите, и поставува едно посуштинско прашање: што ако целта е жените да бидат едноставно посреќни?