Во олицетворение на фразата „Ако ти кажат да скокнеш во Вардар, ќе скокнеш ли?“ една жена од Јута одлучува да си ја избричи главата затоа што некој така ѝ рекол - на телефон.
Покрај гужвата од кардиолошко освестени, Вардарот е полн рибари во овој период од годината, од ним познати причини. Двајца, 50+, на некое метро дистанца, фокусирани на тапите ко партиски бот на твитер, со 3 дена бради, цигара што сама догорува во уста, без да тргне поглед од водата, едниот вели: Ја ебаа рекава брат, ова веќе ни љубљански конзилиум не го оправа!
Ај хев а дрим дека еден убав сончев ден метеор од самокритика ќе им падне на глава на сите безгрешни како каменот кој тие би требало да го фрлат кон грешните, како чисти неизвалкани чеда на својот сопствен Исус, кога веќе општиот Бог и неговите експозитури не им чинат ако немаат нивна книшка.
Ја сретнавме Индира Кастратовиќ во кафе-барот во комплексот на спортската сала Јане Сандански. Пријатна, опуштена во својот природен амбиент, како риба во вода. Помеѓу секој коментар или насмевка крева глава да поздрави некој од минувачите, колеги, познаници, соработници... Нејзината енергија е контаминирачка, ништо помалку од она на што човек замислува дека ќе наиде среќавајќи ја оваа голема спортска војвотка.