По извлекувањето на двојките за Лига на шампиони, стандардно по еден час беа извлечени и дуелите за нокаут фазата во Лига Европа. По три години некоја друга екипа ќе го крене овој пехар бидејќи Севиља е осминафиналист во ЛШ.
Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Со високи 4:0, Црвените Ѓаволи славеа против Феенорд и направија важен исчекор за пласман во следниот круг на Лига Европа. Вејн Руни стигна до 39 погодоци во европските купови и го сруши рекордот на Ван Нистелрој. Убедлив триумф забележа и Рома.
Ариц Адуриц е апсолутен херој на групната фаза во Лига Европа откако вечерва постигна нереални пет гола во триумфот на Атлетик Билбао против Генк 5-3. Рома убедлива во Виена, на Манчестер Јунајтед му виси пласманот во следната рунда.
Проработе шутот на најскапиот фудбалер во светот кој беше двоен стрелец вечерва на Олд Трафорд, а гол постигна и нивниот миленик овој пат во друг дрес. Рома за две минути прокоцна водство од 3:1, а Зенит е третата екипа со полн плен по првите три кола во ЛЕ:
Вејн Руни влезе во игра во 67-ма минута и по две минути му асистираше на Ибрахимовиќ за 1:0. Тоа е единственото од Манчестер Јунајтед во дуелот против анонимниот украински тим. Зенит и Рома покажаа како се игра дома во Лига Европа.
Макаби Тел Авив имаше 3:0 по 70 минути игра против Зенит, но Русите одиграа 15 историски минути во кои стигнаа до 3:4. Тимот на Мурињо загуби минимално од Феенорд, Рома со бод се враќа од Чешка, а Сасуоло стигна до деби победа во Европа и тоа убедлива.
Вест Хем втора година по ред испадна од Лига Европа од просечниот романски тим Астра Ѓурѓу. За парадоксот да биде поголем тренерот на овој клуб е суспендиран поради кладење, претседателот им е во затвор, тие се 11-ти во Романија, а клубот немал скршена пара за трансфери. И да, голот им го даде 35-годишен фудбалер.
Единствениот македонскит претставник на меѓународна сцена го избегна опасниот Шахтјор и за противник во плејофот од Лига Европа го доби Гент од Белгија.