Шахтјор, Спарта Прага, Макаби Тел Авив, Сасуоло и Карабах беа другите можни противници за Шкендија на ждрепката во Нион каде за противник го добија Гент кој минатата сезона заврши втор во Белгија со 4 бода помалку од шампионот Клуб Бриж.
Шкендија е третиот македонски клуб по Вардар и Работнички кој успеа да обезбеди пласман во плејофот од Лига Европа. Ако го има Гент тоа ќе значи пласман во групна фаза и испишување нова историја за македонскиот фудбал.
Астана - Бате Борисов
АЕК Ларнака - Либерец
Динамо Тбилиси - ПАОК
Ароука - Олимпијакос
Митјиланд - Османлиспор
Австрија Виена - Розенборг
Беитар Јерусалим - Сент Етјен
Тренчин - Рапид Виена
Локомотива Загреб - Генк
Војводина - Аз Алкмар
Марибор - Кабала
Гент - Шкендија
Сондерјуск - Спарта Прага
Гетеборг - Карабах
Славија Прага - Андерлехт
Фенербахче - Грасхоперс
Краснодар - Партизани
Истанбул Башакшехир - Шахтјор Доњецк
Сасуоло - Црвена Звезда
Макаби Тел Авив - Хајдук
Астра - Вест Хем
Брондби - Панатионаикос
Првиот натпревар Шкендија го игра на гости на 18 август, а реваншот е една недела подоцна на домашен терен.
Од македонските претставници Давид Бабунски со Црвена Звезда ќе ги одмери силите против Сасуоло, Муарем Муарем со Карабах го доби Гетеборг, Никола Ѓорчев со Грасхоперс падна со Фенербахче, а АЕК Ларнака каде членови се Тричковски и Мојсов за противник го добија Либерец.