Џабе се труди човек да личи на нешто на 40 степени. На вакво време, цела шминка, сите ќошеви на телото, било каков обид за средена коса - сè се распаѓа.
Пролетта во Скопје е супер. Не морам да се стискам веќе внатре... шалој- капи- капути и слично, ниту да се мрзнам надвор за цигара. По стоти пат си ветив дека ќе престанам да пушам и успеав.
Уште едно лето во мојот град познато како најтопло до сега. Кафичите се полни, некои имаат ставено и вентилатори што прскаат, а некои кафичи се сместени под тераси од зградите кои исто така прскаат од еркондишните. Цревото од еркондишнот не треба да се среди, нека капе лето е, нека излади доле малку.
Пролетта во Скопје е супер. Не морам да се стискам веќе внатре... шалој- капи- капути и слично, ниту да се мрзнам надвор за цигара. По стоти пат си ветив дека ќе престанам да пушам и успеав.