Навивачите на овие два клуба се незадоволни, а има и зошто откако ќе видите каков тим може да се состави од играчите кои ги продадоа во последните 18 месеци.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.
Откако утрово и официјално стана најскапиот тренер во историјата на Ливерпул, решивме да се потсетиме на легендарните изјави на харизматичниот Германец кој со раширени раце го пречекаа на Енфилд Роуд.
Жално е кога човек го руши својот авторитет граден со години. Чекор по чекор тоа му се случува на холандскиот селектор Гус Хидинк, за кого Роман Абрамович вложи крајни напори да го донесе во Челси во 2009 година. Гус некогаш беше магионичар, а сега никој не му верува.
Украинецот долги години ги водеше младинските категории на Вердер, но во октомври минатата година прифати да го превземе првиот тим и направи право чудо. Скрипник учеше од менторот Томас Шаф, кој му беше тренер во најславната година во клупската историја.
Некои работи од најпопуларната игра на планетава ги паметиме, но со оглед на тоа што ги има многу, а фудбалот не застанува, многу и ни се бришат од меморија. Благодарение на нејзиното височество „архива“ да се потсетиме на една куса листа која сигурно трпи уште многу.
Данецот Торбен Акјаер добил отказ на Олд Трафорд, откако Гардијан откри негови расистички и фашистички испади по друштвените мрежи, каде го навредува исламот и емигрантите од источна Европа. Акјаер бил член на данската радикална партија.