Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
На 24. јули 2004 година во натпревар од Интертото купот играа Вардар и Шалке 04. Пред мечот група навивачи на Вардар се спријателија со гостите од Германија и веќе 11 години трае нивното пријателство. Комити секоја година одат на неколку натпревари на Шалке, а имаат и што да видат во Гелзенкирхен.
Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!