Митот гласи дека не можете лист хартија да превиткате повеќе од 4 (7,11) пати. А можете, ако не сте ограничени со големината на листот и енергијата која ја имате за да виткате. Проблемот е што ако ја превиткате хартијата 103 пати, ќе добиете хартија подебела од она што ние го познаваме како видлива вселена или метагалаксија (93 милијарди светлосни години).
Фудбалот кај нас мирува, инаку ако требаше да се игра на ѕиврава, натпреварите ќе мораше да се префрлат во сала. Пред 52 години, Англичаните се соочија со најголемиот студ од 1740-та година и натпреварите мораа да ги одложат 261 пати.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Со два гола и една асистенција на новогодишното дерби против Челси, 21-годишниот Кејн полека го заработува повикот за сениорската репрезентација на Англија. Во 2014-та постигна 15 голови во сите натпреварувања и сега само Агуеро од Сити има подобар скор од него.