Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.
Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.
Со одличното атрактивно решение од 9 метри против Шафхаузен, 21 годишниот среден бек од Хрватска, Лука Мраковчиќ влезе во топ 5 листата на најубави голови на колото во ракометната Лига на шампиони.
Најталентираниот македонски ракометар како помал немал планови да тренира ракомет и ниту имал контакт со овој спорт. Во Крушево бил скијач, во скопското маало Аеродром играл баскет, а прво се запишал на фудбал.
Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.
Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.