Кога Марио играше за Интер беше уште позелен од сега, бидејќи имаше 18, 19 години. Жозе го викнал на состанок во канцеларија, а слепецот отишол квалификации за Формула 1 да гледа.
По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.
Рома пред Мурињо во 96 години одиграла само две европски финалиња. Дојде Мурињо и тоа го оствари во само две сезони. На свој начин, со бункер, ама и тоа се брои. Погледне го колку се радуваше.
Рома ја совлада Сампдорија со 3:0 и остана во мртва трка за место во ЛШ, за разлика од гостите кои се повеќе се движат накај втора лига. Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ и му скандираа zingaro (циган), но Мурињо кој му беше тренер на Деки во Интер, се обидуваше да ги смири.
Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.
Требл ја викаат Англичаните, а Триплета Италијанците. Ја добива оној клуб што ќе освои домашно првенство, куп и ЛШ или ЛЕ во една сезона. Три клуба во последните шест години направија таков подвиг, а во историјата еден клуб освоил 4 трофеи во една година во Европа.
Менаџерот на Астон Вила, Пол Ламберт сакаше да ги одгледа последните минути од натпреварот со Челси и го игнорираше Специјалниот, кој на 3-0 се повлече во соблекувалните. Мурињо доби корпа и од Рој Кин.