Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.
На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.
Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.