Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Фрлањето бубрези, пиперки, тениски топчиња и смрдлива риба за навивачите на Будуќност од Подгорица се само навивачки декор и подгорички хумор, ништо повеќе од тоа. Свесни се дека претераа во борбата со Душко Вујошевиќ, но немаат намера да прекинат.
Како големи љубители на спорт, особено фудбал секојдневната наша пасија и обврска ни е да ви го пренесеме најинтересното, најзабавното за читање и тоа што сметаме дека е најуникатно за Офсајд. Но фудбалот носи многу страст и емоции, а тоа ќе ви го раскажат наши деца кои патуваат илјадници километри за својот омилен клуб.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
Водачот на Наполитанците, Џенаро Де Томазо, кој е син на шефот на познатата мафија „Комора“ доби пет годишна забрана за одење на стадион. Многу навивачки групи ширум Европа испратија пораки за негово ослободување.
Навивачите на германскиот вице-шампион, Борусија Дортмунд си ја одбранија титулата во Европа. И оваа сезона нивниот стадион беше најисполнет во конкуренција на сите европски фудбалски гиганти.
Во петтолигашки спектакл пред 4.000 гледачи, Вартекс, клубот кој го оформија незадоволни навивачи, го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа.
Вардар го победи Пелистер со 3:1, но освен на теренот, интересно беше и на трибините каде Комити и Чкембари го збогатија амбиентот на најголемото македонско дерби.