Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.
Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.