Германската девиза дека рецепт за успех е талент 10% а 90% макотрпна работа и труд, најдобро може да се види преку примерот на човекот кој со голем успех ги тренираше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ а сега руши рекорди со Челси.
Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?
Уште во првите неколку кола од Премиер лигата, Брајтон имаше екстремно тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед, па гледачите и навивачите можеа да го забележат активното десно бекче на овој тим. Визуелно изгледа како да има 14 години.
Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.
Цела вечер икони на англискиот фудбал како Френк Лампард и Алан Ширер да зборуваат за тоа колку храбро, самоуверено, дрско и сјајно си играл против екипа каква што е Ливерпул, а имаш само 18 години, значи дека мора да си Били Гилмур.
Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.