За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.