Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт во триумф против Сан Антонио со 23 поени разлика. Постигна 32 коша, а во еден момент ги збуни сите со магија под кош. Ова личеше дека ќе биде додавање, но...
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Иако некогашниот НБА хегемон во минатата и новава сезона изгледа растурен (два убедливи порази на старт од Милвоки и Бруклин), навивачите на овој клуб ги радува добрата форма на најголемата ѕвезда Стеф Кари. Некогашниот МВП во лигата на еден тренинг на Вориорс постигнал 105 тројки по ред од исто место за 5 минути.