Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.
Со Енис Барди тешко се излегува на крај ако ја зафати убаво од слободен удар. На дуелот против гигантот Фенербахче кој Трабзсонспор го загуби со 2:3, капитенот на Македонија влезе во игра на стартот на второ полувреме и во 62-ра минута го нокаутираше голманот. Ова му е петти гол сезонава.
Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.
Капитенот на Македонија го одигра цел натпревар против Кашимпаша и му подари маестрална асистенција на Енис Дестан кој го отвори резултатот по 19 минути игра. Но гостите направија пресврт и славеа 2:3. Трабзонспор е трет на табела со 23 бода заостанување зад Фенербахче и Галатасарај.
На цвечената церемонија во Лондон, ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година. Победи Меси кој заврши со ист број на бодови заедно со Халанд.
И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.
Трабзонспор има големи 3:0 во турското дерби над Бешикташ. Енис Барди не е меѓу стрелците, но е најзаслужен за првиот гол кој го постигна Пол Онуачу. Сè изработи како што треба и му ја даде на тацна.
Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.
Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.