Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.
Македонскиот репрезентативец игра сјајна сезона а доказ за тоа е и новиот гол за Леванте во ремито со Еибар на гости 2-2. Ова е четврти гол за Барди во Примера.