Џеб Буш се откажа па во републиканскиот табор останаа сè кој од кој, со Кејсик како единствено "нормален" ама па тој нема никакви шанси. Трамп е насилник но Круз е вистинската идеолошка опасност за Америка, вели Роберт Рајч.
По принципот дека дури и расипан часовник два пати дневно покажува точно време, Доналд Трамп изненади многумина на тема за која до пред некое време не знаеше ама баш ништо. Како што велеше тогаш, ќе научам кога ќе треба.