Читател решил да провери дали е верно она што го пишавме за AI, Трамп и Бајден (дека не му се пишува поема за Трамп, ама за Бајден ска проблем) па решил да го провери ботот со истата задача, за Груевски и Заев. Исто! За Груевски нејќе пошто бил вмешан во корупциски скандали, оти Зоран - едно евро за Вицето- Заев има една монашка биографија. Не би да сме параноични, ама...
Васко Жабата да се тргне малку настрана, од Бугарија ни стигнува нов ушобол. И овој е Васко ама не е Жабата туку Далаверата. Со верна дружина Трамписти од европска Бугарија, Васко Далаверата ќе ни изведе нумера, сељачка, да посељачка не може да биде. Па другарот Трамп сам нека суди кои му се стратешки пријатели: досетливите велешани или овие?