Ова на колото е некако малку, а не е доволно да се каже ниту на месецот. Веројатно „Офсајд лик на сезоната“ ќе заврши работа и ќе биде адекватно кажано за овие сцени и за историја, но и за сеир.
Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.
Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата.