Од трите копии од договорот (по една за Мексико, САД и Канада) што треба да се потпишат, Трамп ја греши едната, на неверување на луѓето околу и над него. По пат пробува да се извади со „која од овие (три) е битната“ на што Трудо му одговара со „секој од нас добива по една“.
Признаваме, за овој специмен немаме чуено ама се пријавуваме за негови апостоли и на првиот негов концерт во Скопје се нацртуваме во првите борбени редови. Да го видиме тој урнебесен свет кој го запознавме кај неговите Јутјуб коментатори. Се разбира, огромен дел од нив жестоко го тролаат, ама сепак, на која друга музичка ѕвезда, одушевен фан ќе му предложи: Џани, кењај ми на груди?!
Се приближува крајот на учебната година, а одделението на нашите петтоодделенци денеска се запозна со 17тата наставничка во нивното досегашно образование. Седум од нив се сменија само во оваа година (ако не ги сметаме еднодневните замени од страна на вработените во училиштето). Во последниве неколку дена, мислам дека единствено обезбедувањето не им предаваше на овие деца...
Каков трол е овој. Шешељ во парламент од мобилен им пушта српска песна за Трамп. Ок, не се шокираме ние така лесно од политичките групирања на Балканот.