Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вест.
ТВ-водителката Хелена Роза, која повеќе од една година живее во Нов Зеланд со сопругот, фудбалерот Игор Георгиевски и со ќерката Кјара Гоља, вели дека уште пред 20 години ја имала привилегијата да вечера со идниот претседател на САД, Доналд Трамп. Хелена го запознала Трамп на Бахамите, на изборот на американска девојка од соништата за календар.
"Во декември 1996 година, бев на изборот 'Американ календар дрим грл'. Пред големото финале, имавме свечена вечера, на која присуствуваа претставници на неколку филмски студија, продуценти, сопственици на модни агенции и меѓу овие луѓе беше и Доналд Трамп, кој ни беше најавен како еден од сопствениците на изборот и бизнисмен. Вечерата траеше речиси два часа. Имавме можност да се запознаеме со сите, да се ракуваме и да размениме збор-два. Пред некое време, ставив статус дека Трамп ме импресионираше со сигурниот и здрав стисок на раката, кој лично многу го почитувам кај луѓето. Вечерата беше во хотелот и казино 'Мериот ресорт' во Насау на Бахамите", ни раскажа Хелена од Нов Зеланд.
Таа вели дека $ е жал што нема фотографија со Трамп, затоа што во тоа време немало мобилни телефони со камери.
"Во Нов Зеланд многу убаво живеам. Сe уште се адаптираме и средуваме. Сепак, тука сме само една година и неколку месеци. Но полека работите се движат во нагорна линија, и тоа е супер. Кјара е пресреќна и многу брзо се вклопи, а тоа ми е најбитно. На колеџ ги собра сите награди и достигнувања само за една година. Доби понуди за стипендии, и пресреќна е, а, секако, и јас и Игор. Минатата недела го прославивме нејзиниот 18-ти роденден и за подарок од мене и од Игор доби кола, нешто што во Македонија можев само да сонувам да $ го подарам. Тука се живее многу релаксирано. Едноставно е нестварно колку само човек се чувствува раат" , додаде Хелена за својот живот во Нов Зеланд. (М.Џ.)