Денес е ден на сесловенските, но и на уште еден, музички просветител. „Бев многу постар тогаш, сега сум подмладен“, пеел тој на 23 години. И со оглед на темпото на работа, не делува како да влегува во деветата деценија.
Во филмските кругови се користи францускиот израз film maudit (филм мод), буквално „проколнат филм“. За да се квалификува за оваа титула, едно дело треба да исполни неколку услови, меѓу кои да биде опсесивно обожуван само од мала група фанови.
Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.