Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.
Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.
Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.
Човекот е про-демократи и е про-Сандерс, и има објаснување зошто. Надвор од тоа ништо не му се свиѓа, со тоа што Трамп му е крајно интересен заради способноста да биде политички некоректен, а никој од неговите гласачи да не му замери за тоа.