Од Нома, ресторанот кој стана едно од обележјата на Копенхаген, проценуваат дека веќе нема пари за скапи ресторани, па решија дека најдобро ќе биде со време да ја затворат кафаната.
Бинг Крозби за Френк Синатра има кажано: "Пејач како Синатра се појавува еднаш во животот. Ама мораше ли да се појави баш во мојот?" Нешто слично за Рене Реџепи би можел да мисли данскиот шеф Расмус Кофоед.
Откако главно ги потепавме големите риби, останаа оние помалите. Парадоксално, за да ги спасиме малите рипчиња, треба почесто да ги јадеме. Рене Реџепи се согласува.