Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
Ејми Херман е историчарка на уметност, но таа држи курсеви за визуелно „описменување" на голем број професии кои немаат директна врска со уметноста - полицајци, бизнисмени, болничари. Сега има и нова книга.
Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.
Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?