Гледаме дека заглупувањето е глобален бренд, а тоа што ние оглупевме преку музика пред остатокот од планетата оди во прилог на тоа дека барем во нешто сме први.
По зборовите на луѓето од магазинот Пичфорк, тешко дека во скоро време Америка ќе избере уште еден претседател чиј културолошки компас е толку свеж и младешки како оној на Обама.
Сериозни истражувања покажуваат дека свирењето во група е еден од најдобрите начини да се остане подолго и на нозе и на сцена. Тогаш во што е тајната на Леонард Коен, Боб Дилан или Дејвид Боуви?