Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Книга од (релативно) далечната 1990, која се осмелува да оди далеку во иднината. Дури пет милиони години од сега. И да претпостави како ќе изгледа светот тогаш.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.
„Просветителство“ ни асоцира на мртви бели мажи со перики. Но за Пинкер, вечниот оптимист, ова не е одамна минат и заборавен период од човечката историја, туку претставува збир вредности кои ги почитуваме и во 21 век, иако можеби не сме свесни за тоа. Да, а?