Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.
Четириминутна кантата која повеќе од два века се сметала за исчезната, во ноември 2015 била пронајдена во архивите на Чешкиот музеј за музика. Оваа недела таа беше изведена во живо, можеби прв пат во историјата.
Во пресрет на денешниот концерт на Погорелиќ во Охрид, за разликите во тоа како денес се свират класичните дела, а каков бил нивниот оригинален звук. Кој знае дали некој од големите композитори би си ја препознал својата музика?
Се разбира дека нема потреба да знаеш што е тоа „канон" или „арпеџо" за некое парче музика да те погоди право в срце. Но што ако има начин некој да ти го анализира нота по нота, а сепак да не ти го расипе, туку напротив да направи уште повеќе да го цениш?