Друже Трендо,
Откако се затворивме по дома поради ситуацијава, драстично се зголеми бројот на експерти за 5G, експерти за корона и експерти за вакцини. Во најголем случај се експерти и за трите, а можеби и за кемтрејлс.
Требаше да се случи глобална пандемија и цел свет да застане за конечно да се освестиме за само-наметнатата важност на прилично неважниот слој од глобалното општество - ѕвезди по која било основа. И ваквото рекалибрирање на нашите приоритети треба да продолжи и кога еден ден ова другово ќе биде зауздано.
Австрискиот Ишгл е Мека за богатите скијачи кои сакаат да се журкаат, па последниве години го завикаа „Зимска Ибица“. Откако стана јасно дека токму тоа место е главниот распрснувач на коронавируот во Европа, се открива како со него управувала лакомоста и неодговорноста.
Загадочен Јутјуб канал постираше и бргу потоа сокри колекција од 75 ретки и необјавени песни на Ролинг стоунс. Потегот најверојатно има врска со европските закони за копирајт по кои правата траат 50 години, ако никаде не се објавени.
Пред некое време Скорсезе изјави дека Марвел филмовите „не се кинематографија“, па раја се фати за „кука и мотика“ (сето тоа на интернет, во реален живот сè му беше по старо) и сега режисерот одлучи на широко да објасни што точно мислел со изјавата (како тоа нешто да ќе смени).
Сарајлија од татко Хрват и мајка Србинка, во француски хотел, на новинар на британски Гардијан му ја објаснува магијата на ромската музика. Може ли тоа? Може, што не би можело?