Сиера Леоне, Карпош 4, Драчево, Оклахома, бивши војници од Конго, царството на Амди, Снуп Дог во Приштина, скопски дворови со старо железо, фалц фармерки, пинг-понг на улица, аикидо на клупа, Роџо, Жан....
Автор на новогодишната желба е фамозниот нео-хегелијанец Амди Бајрам кој накратко вика: „Сите да гласаме за промена на името бидејќи тоа е во интерес на сите нас, политичарите“. Амин.
Што ли ќе правевме да имавме само четири прста? Ќе се мачевме да смислиме волку едноставен и лесно разбирлив гест, кој често е првиот и единствен одговор на неправдите кои нè опкружуваат.
За празнициве со задоволство исчитавме нова книга на македонски автор. Четвртиот роман на Сашо Кокаланов, еден од авторите на сатиричната „Коза ностра“ и на серијата „Преспав“, чиј главен лик е неуспешен новинар кој менува професија во - детектив.