Целата приказна датира од далечната 1923 година кога француските тенисери играле Дејвис Куп против Австралијците а капитенот на Франција му ветил на Рене Лакост дека ќе му купи куфер од крокодилска кожа ако победи.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.
Бајката на американската тинејџерка Сиси Белис на УС Опен заврши во третото коло, но и покрај тоа таа остана најпријатното изненадување на годинешниот Мастерс во Њујорк.
Откако го воодушеви тенискиот свет со победата против Чибулкова, 15. годишната тенисерка од Калифорнија стана најпријатното изненадување на Флешинг Медоус годинава.