Реплек: Азитромицин е генеричкиот лек за предложената терапија за лекување на ковид-19

Предложената терапија за која постојат сознанија од релевантни студии за позитивните резултати при лекување на ковид-19 се однесува на генеричките лекови хидроксихлорокин (hydroxychloroquine) и азитромицин (аzithromycin) (Азитромицин).

Во овој момент постојат 6 производители кои го имат регистрирано азитромицинот во нашата држава (5 странски производители и 1 домашен производител).

Споменатиот лек „сумамед” е само заштитено име на готов лек од странски производител за генеричкиот лек азитромицин, соопшти „Реплек“.

Согласно законската регулатива, лекарите се должни на лекарскиот рецепт да го пропишат генеричкото име на лекот - азитромицин, за да со вака пропишаниот рецепт, пациентот може да го подигне лекот во аптеките. Реплек фарм ДООЕЛ Скопје како домашен производител на лекови располага со доволни капацитети и залиха на суровини со кои би обезбедиле навремено и континуирано производство и снабдување на регистрираниот генерички лек азитромицин, а според потребите на здравствените капацитети во борбата за справување со пандемијата од коронавирус (SARS-COV2/ COVID -19).

Нема место за паника. Потребниот генерички лек азитромицин ќе биде достапен за пациентите во доволни количини според усвоените протоколи за “off-label” терапија при лекување на заразените лица“, соопшти „Реплек“.

(Комерцијален текст)

24 март 2020 - 14:50