[Работна]

„Cheese land“ во Веро Центарот

Oд 29 ноември до 15 декември Веро-центарот ќе биде ексклузивно место каде потрошувачите ќе може да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет.

Sony Xperia Z1, најновото од Sony во Vip

Големото продолжение на 5-инчниот Sony Xperia Z отсега e достапно и на нашиот пазар под ново име - Sony Xperia Z1. Она што овој смарт-телефон го прави посебен се неговите карактеристики, уникатниот изглед, изненадувачката моќ, како и врвната практичност.

Баерсдорф ја претстави колекцијата Eucerin Volume - Filler

Пред поголем број на фармацевти, доктори дерматолози и претставници од медиумите, компанијата Баерсдорф ја промовираше новата линија за нега на возрасна кожа Eucerin Volume – Filler. Во пријатна атмосфера на шестиот спрат на хотелот Stone Bridge, д-р Соња Петрушеска специјалист - дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин одржа особено интересна и едукативна презентација за новите тенденции во грижата за возрасна кожа.

 

Ајде да си молчиме, 40 дена подоцна

За сите кои се назад со материјалот, повторно ја објавуваме септемвриската бавча на Отец Пимен. Сосема случајно, според календарот и божјата воља преточена во одлуката на Синодот на МПЦ да го анатемиса Фејсбук, испаѓа дека му вадиме 40 дена на овој умен и добронамерен текст. Клик тука

 

Изберете јогурт наместо гума за џвакање

Имате важен состанок, а чувствувате дека имате непријатен здив во устата?! Шармот дефинитивно не може да го покрие лошиот здив, кој Ќе го одврати вашиот соговорник, колку и да сте импресивни. Мастиките дефинитивно не се трајно решение оти можат да ја ублажат миризбата привремено. Лошиот здив најчесто се појавува од неправилна исхрана, или пак заради некакви здравствени проблеми.

Објавен конкурсот за наградата „Жан Моне" за 2013!

По единаесетти пат, оваа година Делегацијата на Европската Унија го објавува конкурсот за наградата „Жан Моне", која им оддава признание на најдобрите авторски согледувања и размислувања за ЕУ и за европската иднина на земјата. Наградата ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

Млекара Здравје Радово со поддршка за децата со aутизам

Многу луѓе имаат здравствени проблеми кои не можат да ги решаат, но затоа може да им се помогне, едни од нив се и децата со aутизам. Во нашата држава многу малку се знае за оваа болест од која боледувал и генијалниот Алберт Анштајн.

(ТЕСТ) Писмото на Шинејд до Мајли

Откако во интервју за Ролинг Стоун Мајли Сајрус ја наведува како влијание во својата кариера, Шинејд О'Конор решава да и напише отворено писмо на пејачката, во кое најискрено ја предупредува да не дозволи да биде искористена. Ова е писмото во целост:

Забрзајте го темпото со Samsung Galaxy S4 Active

Во темпо со Вашиот животен стил, Samsung Galaxy S4 Active е еден од најиновативните и најкарактеристични модели на пазарот за смарт-телефони. Посветен на оние што сакаат и водат активен живот, овој модел ќе стане Ваш совршен сопатник, каде и да сте.

Skopje Design Week 2013 е круната на настани после низата активности

Работилници, гости, интеракција, Швајцарија – земја во фокус

Од 1. до 6. октомври оваa година, ќе се одржи третото издание на Skopje Design Week во Куршумли ан. Ако првото издание беше чисто запознавање со дизајнот, декодирање на поимот дизајн, можностите и предностите кои ги нуди доколку правилно се стави во функција,а веќе второто помогна да се разбере дека е понудена платформа за претставување пред домашната публика и потрошувачи, а и за пристап до меѓународна сцена.

Европски писатели во ЕУ инфо центарот

Читања и разговори со писателите Ѓерѓ Конрад од Унгарија, Ирен Ниг од Лихтенштајн, Родан ал Галиди од Холандија, Мелина Камериќ од Босна и Херцеговина, Душан Чатер од Словенија; панел дискусии за преводите на Хомер и другите старогрчки и римски драмски дела, француските симболисти; најава на конкурсот за најдобар млад преведувач – Вавилон; литературни читања за деца, како и промоција на 165-те книги преведени во рамките на Програмата Култура на ЕУ ќе бидат дел од Саемот на книги и Европскиот ден на јазиците во ЕУ инфо центарот. 

Изабел Ипер на црвениот тепих во Битола

ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор со огромно задоволство истакнуваат дека годинава, покрај многуте најавени гости од сите програмски целини, во Битола доаѓа омилената актерка на режисерите и на публиката, високоценетата, уникатна, автентична, неверојатна Изабел Ипер. Француската актерка е постојано актуелно и добива најголем број понуди за учества на фестивали, што ја прават најголемото име кое досега го обележало Фестивалот „Браќа Манаки“  - Битола.

74 филма на 34. „Браќа Манаки“ за најубавата светлина во Битола

ИФФК „Браќа Манаки" и Вип оператор денес во Сити Хол ја објавија програмата на 34. издание на Фестивалот „Браќа Манаки", која под мотото „Пушти ја светлината" во 10 програмски целини донесува врвни 74 наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери, потоа два кандидати за Оскар, голем број наградувани филмови на светските фестивали, познати автори и филмски таленти.

Гламурозната актерка од легендарните екс-Ју филмови, Мирјана Карановиќ, учесник на сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ 2013

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки" – Битола и Вип оператор имаат ретка чест да објават дека српската актерка Мирјана Карановиќ, што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, го потврди учеството на реномираното Сценаристичко катче „Браќа Манаки" 2013. Карановиќ лично ќе го претстави и развива своето сценарио под наслов Добра сопруга.

Дејан Дукоски и Антонио Митриќески, македонски претставници во еминентните меѓународни жирија на „Браќа Манаки“ 2013

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола и Вип оператор имаат чест да ги објават составите на жири-комисиите што ќе одлучуваат за наградите во натпреварувачките селекции на Фестивалот „Браќа Манаки“. Жирито и на главната програма и на програмата Нови визии е сочинета од потврдени и почитувани имиња од светот на филмот и на уметноста.

Белите дробови на Белград станаа сиви

Пред десетина дена, во центарот на Белград на билборд осамнаа вештачки бели дробови направени од памук. Ден за ден, нивната белина преминуваше во сивотија пред која минувачите застануваа вџашени.