Конкурсот е отворен до 15 ноември 2013 година. Темата на сите апликации во сите три натпреварувачки категории треба да биде поврзана со ЕУ или со пристапувањето на земјата кон ЕУ.
Наградите што ќе бидат доделени во трите натпреварувачки категории вклучуваат плакета, како и парични награди од по 1.000 евра за најдобриот новинарски напис и за најдобрата репортерска фотографија објавени во печатените медиуми или на домашните веб-страници, односно 500 евра за најдобрата аматерска фотографија. Свечената церемонија на прогласувањето на победниците ќе се одржи на 12 декември 2013 година.
Повеќе информации околу тоа како може да се учествува во натпреварот може да се најдат тука
комерцијален текст