Контроверзниот документарец "THE UNBELIEVERS" на Cinedays 2013.

Во документарецот „Неверниците" ги следиме реномираните научници Ричард Докинс и Лоренс Краус додека патуваат низ светот и јавно разговараат за значењето на науката и рационалното размислување во модерниот свет. Тие се обидуваат да ги поттикнат другите луѓе да ги отфрлат застарените религиозни и политички мотивирани гледишта заактуелните теми.

Во филмот има и интервјуа со познати личности и влијателни луѓе кои ја поддржуваат работата на овие контрoверзни говорници, а меѓу нив се и режисерот Вуди Ален, физичарот Стивен Хокинг, британскиот комичар Рики Џарвејс и многу други. „Науката е прекрасна. Религијата не е. Таа само пречи", вели еволутивниот биолог и автор Ричард Докинс во „Неверниците". Повеќе за документарецот.

 

15 ноември 2013 - 17:06