Дали знаете дека јогуртот би можел да биде ефикасен лек за лошиот здив? Исто така консумирањето на препознатливиот млечен пијалак ја подобрува оралната хигиена и влијае на намалувањето на бактериите што се "лепат на јазикот. Ваквото тврдење доаѓа од Јапонија од реномираниот Универзитет во Јокохама, каде е реализирана Хојо студијата за влијанието на древниот млечен производ врз здравјето на луѓето.
Со истражувањето е утврдено дека, испитаниците кои консумирале најмалку 90 грама јогурт, два пати дневно во период од шест недели, имале далеку пониска концентрација на хидроген-сулфиди и други слободни сулфидни компоненти кои, инаку, се детерминирани како главни причинители за лошиот здив. Анализите покажаа дека јавувањето на кариес е многу помало кај луѓе кои редовно пијат јогурт, а научно потврдено е и огромното благотворно дејство на јогуртот во превенцијата на цревните заболувања и други гастро-интестинални состојби. Особено ако е произведен од квалитетно македонско млеко од избрани фарми, од еколошки чист регион, по современа технологија, токму какви Што се јогуртите на Млекара Здравје Радово. Компанија која вложува огромен напор со цел да создаде безбеден и здрав производ во кој Ќе уживаат милиони потрошувачи.
А ако јогуртот го комбинирате и со сирење дефинитивно Ќе имате поздрави заби, бидејќи сирењето го зголемува нивото на ПХ вредност на површината на забите, овозможувајќи одлична превентива од кариес.
комерцијален текст