(ТЕСТ) Писмото на Шинејд до Мајли

Откако во интервју за Ролинг Стоун Мајли Сајрус ја наведува како влијание во својата кариера, Шинејд О'Конор решава да и напише отворено писмо на пејачката, во кое најискрено ја предупредува да не дозволи да биде искористена. Ова е писмото во целост:

Драга Мајли, Немаше да го напишам ова писмо, меѓутоа цел ден избегнувам телефонски повици од најразлични весници кои сакаа да го чујат моето мислење околу она што го кажа во Ролинг Стоун дека твоето видео за "Wrecking Ball" е направено да биде слично на "Nothing Compares"... Па ова е она што имам да го кажам... И е кажано во духот на мајчинството и со љубов.

Јас сум екстремно загрижена за тебе, дека тие околу тебе те навеле да веруваш, или го охрабриле твоето лично верување, дека на некој начин е "кул" да бидеш гола и да лижеш чекан во твојот спот. Но всушност се работи за тоа дека ти ќе го помрачиш својот талент со тоа што дозволуваш да бидеш проституирана, без разлика дали музичката индустрија или ти самата го правиш тоа.

На долг рок ништо освен штета нема да излезе од тоа што си дозволуваш да бидеш експлоатирана, и апсолутно НА НИТУ ЕДЕН начин не значи твоја или еманципација на која било друга млада жена, тоа што ќе испратиш порака дека ти треба повеќе да бидеш вреднувана (дури и од самата себе) по основа на твојот сексипил, наместо заради твојот очигледен талент.

Ме радува што слушам дека сум некаков пример за тебе и се надевам дека заради тоа ќе внимателно ќе обратиш внимание на она што ти го велам.

На музичкиот бизнис не му е гајле за тебе, или за кој било од нас. Тие ќе те проституираат за сите пари, и мудро ќе направат да мислиш дека ТИ си го сакала тоа... и кога ќе завршиш на рехабилитација како резултат на тоа што си била проституирана, "тие" ќе се сончаат на јахти во Антигва, кои ги купиле продавајќи го твоето тело, а ти ќе се најдеш себе си многу осамена.

На никој од мажите што те зјапа нема да му биде гајле за тебе, немој да се залажуваш. Мнозинството жени ја мешаат страста со љубов. Ако тие сексуално те посакуваат, тоа не значи дека им е гајле за тебе. Сето ова е уште повистинито кога ти несвесно ќе оставиш впечаток дека и на тебе не ти е гајле за себе. И кога ќе вработиш луѓе кои оставаат впечаток дека исто така не им гајле за тебе. Никој на кој му е грижа за тебе не би можел да поддржи ти да бидеш проституирана... а тоа те вклучува и тебе.

Да, сугерирам дека не ти е грижа за себе. Ова мора да се промени. Ти треба да бидеш заштитена како скапоцена млада девојка од секој што ти го вработуваш и секој околу тебе, вклучително и ти. Ова е опасен свет. Ние не ги поттикнуваме нашите ќерки да одат наоколу голи, бидејќи тоа ги прави плен за животните и пониско од животни (мнозинството од кои работат во музичката индустрија и придружните медиуми).

Ти вредиш повеќе отколку твоето тело и сексуалната привлечност. Светот на шоу-бизнисот не ги гледа работите на тој начин, тие сакаат работите да бидат видени на друг начин, без разлика дали тоа се магазини кои те сакаат на нивните насловни или кој и да е... Немој да се залажуваш. СИТЕ тие те сакаат бидејќи прават пари од твојата младост и твојата убавина... кои тие не можат да ги игнорираат заради фактот дека твојата младост те прави слепа за злото на шоу-бизнисот. Ако имаш невино срце, ти не можеш да ги препознаеш оние на кои не им е такво.

Повторувам, ти имаш доволно талент што не ти треба да дозволиш музичкиот бизнис да направи проститутка од тебе. Не треба да дозволиш ниту да направат будала од тебе. Немој ниту на момент да помислиш дека кој било од нив го боли за тебе. Тие се таму за парите... ние сме таму за музиката. Отсекогаш било така, и секогаш ќе биде така. Колку порано една млада дама го сфати тоа, толку порано таа ВИСТИНСКИ ќе ја има контролата.

Ти исто така рече во Ролинг Стоун дека твојот изглед бил базиран на мене. Изгледот што јас го избрав, го избрав намерно во време кога мојата издавачка куќа ме охрабруваше да го правам она што ти го направи. Тогаш чувствував дека повеќе сакам да ме оценуваат по основа на мојот талент, отколку по мојот изглед. Среќна сум што го направив тој избор, не најмалку заради тоа што не се најдов себеси на купот крпи сега кога имам речиси 47 години... на кој за жал завршуваат голем број средовечни женски пејачки кои својот имиџ го базирале на својата сексуалност.

Твојата вистинската еманципација како жена ќе биде во иднина да одбиеш да го експлоатираш своето тело или сексуалност со цел мажите да можат да прават пари од тебе. Не треба ни да го поставам прашањето.... во бизнисов сум доволно долго за да знам дека мажите прават многу повеќе пари од ти што се соблекуваш, отколку што ти направи. Навистина воопшто не е кул. И испраќа опасни сигнали на останатите млади девојки. Те молам во иднина речи не кога ќе побараат од тебе да се проституираш. Твоето тело е за тебе и за твојот дечко. Не е за секое дркаџиско ѓубре на интернет, или за секој алчен директор на музичка компанија за да и купува дијаманти на љубовницата.

Што се однесува до напуштањето на Хана Монтана имиџот... кој и да ти кажува дека треба тоа да го направиш со соблекување, апсолутно НЕ го почитува твојот талент, или тебе како млада дама. Твоите албуми се доволно добри за ти да не мора да се отарасуваш од Хана Монтана имиџот. Таа до сега одамна е замината. Не затоа што ти се соблекуваш, туку затоа што правиш одлични албуми.

Без разлика дали ни се допаѓа или не, ние жените во индустријата сме пример и како такви ние мораме да бидеме екстремно внимателни за пораките што им ги испраќаме на другите жените. Пораката што постојано ја праќаш е дека некако е кул да бидеш проституирана... а толку не е кул Мајли... опасно е. Жените треба да бидат вреднувани за многу повеќе отколку нивната сексуалност, ние не сме само објекти за страст. Те охрабрувам да испратиш поздрава порака до твоите врсници... дека тие и ти вредите многу повеќе отколку она што моментално се случува во твојата кариера. Учтиво отпушти го копилето кое не алармираше заради ова, бидејќи ним не им е грижа за тебе.

7 октомври 2013 - 11:26