Со искрени намери како дел од својата платформа за општествена одговорност компанијата Здравје Радово одвои финансиски средства со цел да се поддржуваат активностите и проектите на Здружението на граѓани,, Во мојот свет,, со цел да се подигне јавната свест за оваа болест за помош на аутистичните деца.
Млекара Здравје Радово е позната по производство на здрави млечни производи кои ги содржат сите потребни состојки што се неопходни за правилен раст и развој на децата, а исто така се балагодет и за возрасните.
,,Секоја компанија сметам дека треба да одвојува средства за хумани цели. Сите треба да бидеме одговорни кон ова општество, и како поединци и како компании. Не рекле џабе раката што дава не се суши и така е. Затоа мора да постојат луге или компании кои би финансирале проекти за подигање на јавната свест за одредени болести, за да може да се превенираат и во најраната возраст,,- вели Јован Дабовски директорот на Млекара Здравје Радово.