Ова се некои од најзначајните придобивки кои ги нуди редовната консумација на јогурт со богата пробиотска култура, а најпознатиот на нашиот пазар е јогуртот Balans+:
1. Одржување на здравјето на дигестивниот систем
Поради високата количина на млечни киселини и бактерии, пробиотскиот јогурт се покажа како најефикасниот функционален производ, кој ги регулира непријатните симптоми на надуеност, проблемите со варењето и познатиот синдром „нервозни црева“.
2. Богат е со протеини
Во само 250 гр пробиотски јогурт може да се најдат до 8 гр протеини кои му даваат сила на вашиот организам и го продолжуваат чувството на ситост што го спречува прекумерниот внес на храна.
3. Превенција на дијабетесот
Редовната консумација на пробиотскиот јогурт ја намалува можноста за заболување од дијабетес тип 2, затоа што ја забрзува апсорпцијата на неопходните хранливи материи во дигестивниот тракт што е значајно и за одржување на крвниот притисок.
4. Заштита од настанување на кардиоваскуларни болести
Консумацијата на јогурт на дневна основа ја намалува можноста за заболување од срцеви болести за 18%. Исто така, во избалансираната исхрана треба да се вклучат и овошје, зеленчук и житарици богати со растителни влакна, кои се препорачуваат за превенција на срцеви болести.
(Комерцијален текст)