Пристигна новата VISION генерација 2020 година во салоните на Киа Моторс Македонија

Пристигна новата VISION генерација 2020 година во салоните на Киа Моторс Македонија

Понудата на КММ не престанува да го изненадува македонскиот пазар со новини во нивото на опрема, односно континуирано продолжува да ги поместува стандардите за основно ниво на опременост на автомобилите.

Моделите кои пристигнаа се генерациски 2020 година и во својата класа се надградени во внатрешноста и надворешноста. Градскиот кросовер во Б сегмент, Kia Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со збогатеност во надворешноста, односно во понудата се вклучени LED дневни и задни светла, ретровизори со LED трепкачи и електрично склопување, како и 15” тркала од лесна легура. Кај моделот Kia Rio во нивото на опрема Ex Vision надополнувањето во внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а во надворешноста доаѓа со LED дневни светла, ретровизори со LED трепкачи и електронско склопување.

Киа Моторс Македонија продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата по сечиј вкус. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic, не само што добиja нов надворешен лик, се збогатија и во внатрешноста, а сето тоа ги прави уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар.

(Комерцијален текст)

22 мај 2019 - 11:59