Кристина, наш чоек

Кристина Кузмиќ е Хрватка од Осијек која живее во САД и има еден од најпознатите блогови за родителски совети. Како на убава и популарна жена, во коментари и во пораки ѝ се става секаков џган и олош, главно од оние „јаките ебачи“. Бидејќи игногирањето не секогаш дава резултати, и бидејќи таквите џукели не го заслужуваат раатот на анонимноста, Кристина почнала да го прави она што и ние понекогаш го правиме: ги вади јавно, со слики, со имиња и презимиња. И сега, оние најдосадните почнуваат да ѝ звоцаат: ама приватност, ама немој така... Кристина, само така! 

На 38 годишната „хрватска мама“ ѝ е јасно дека нечија учтивост, идиотите ја толкуваат како слабост па запнуваат без усул. И затоа прашува: што штитиме кога ја штитиме нивната приватност?

Кристина порачува #OutThem и потсетува дека за да ти биде почитувана приватноста и другите права, најнапред самиот треба да имаш почит и да се однесуваш достоинствено.

Правилото е познато и да потсетиме на него:

„Не ѝ кажувај на жена она што не сакаш да го слушнеш од цимер во затворска ќелија“ - Питер Вајт

А стратегијата #OutThem знае да биде прилично ефикасна, jер таквите брзо цвикаат. Муабет со еден кој сееше зло по коментари па таму објавивме негова слика:

Хехе.

Повеќе во „Оффнет, корисничка поддршка

 

22 јануари 2019 - 15:31