Од каде доаѓа естетиката на '80-ти?

Фризурите беа катастрофа, ама приказната зошто '80-ти се такви, со таква боја, впечатливи и бучни е многу занимлива.

Основните елементи на ’80-ти се резултат на дизајн-движењето наречено Мемфис, а го води италијанскиот архитект Еторе Сотсас. Колективот вклучува дизајнери и архитекти од многу делови од светот - Италија, Јапонија, Британија, Австрија, Франција, Шпанија и Америка. Намислиле да излезат од модернизмот, кој пак е стил што барал од нив да почитуваат правила и Џорџ Сауден, со-основач на т.н. Мемфис група, во едно интервју вели дека „многу луѓе се чувствувале заробени во рамки на тие правила.”

Ете затоа се '80-ти такви.

Според Глен Адамсон, постар член на Центарот за британска уметност на Јејл, трендот многу брзо бил прифатен:

„Беше еден неверојатен феномен, и гледавме како брзо го прифаќаат како сликка за ’80-ти. Тоа се случи преку модата. Секогаш ми текнува дека е важно што се случи во исто време со Емтиви, во 1981-ва. И ако ви текне на логото на Емтиви со тие бои и дезени и шкртаниците, многу е блиску до графичкиот дизајн кој доаѓаше од Италија во контекст на Мемфис.”

5 септември 2019 - 00:00