Уништувањето на Студенчишко блато

Здраво Трендо,
Од авион (поточно од сателит) се гледа  како полека се уништува студенчишко блато во Охрид. Често се движам овде и мислам дека ако објавиш ќе има некој ефект, друго незнам како би реагирал, се е исполитизирано.

Сателитски снимки oд Гугл до 2023та, а од 2023 до денес сателитски снимки од Сентинел, бидејќи Гугл нема ажурирано после 2023 та.

Со виолетова боја ја ставив границата на блатото а со црвена местото каде се уништува.

Ова е точното подрачје според студијата што е објавена од општина Охрид.

Додека се враќа во доработка законот за прогласување на заштитно подрачје, некој си работи за свои интереси.
Миле од Охрид

п.с. Не дека медиуми немаат пишувано за проблемот, ама очигледно бадијала.

 

26 септември 2025 - 11:47