Споредбени писма на читатели

Ќе се обидеме да направиме споредба помеѓу Р. Македонија, која е суверена, независна, демократска и социјална држава, членка на Советот на Европа и земја кандидат за членство во Европската Унија, и Мохенџо Даро, населба од 2500 години п.н.е.

Течението на реката Инд од секогаш претставувала интересно, возбудливо и корисно место за живеење. По нејзиното течение во периодот пред 5000 години се појавиле првите цивилизации, а со тоа и првите населби. Една од нив била и Мохенџо Даро. Овој град заслужува посебно место во историјата бидејќи важи за колевка на урбанизираниот живот. Меѓутоа сигурен сум дека тогашните владетели "се превртуваат во гробовите гледајќи" како се продолжи и разви нивната замисла.

Ќе се обидеме да направиме споредба помеѓу Р. Македонија, која е суверена, независна, демократска и социјална држава, членка на Советот на Европа и земја кандидат за членство во Европската Унија, и Мохенџо Даро, населба од пред 2500 години п.н.е.

Споредбата ќе се однесува на инфраструктурните елементи, начинот на размислување за подобар живот на граганите и нивна заштита и "луксузот" :

Јавната бања

Можеби за некого е нормално во денешно време да се живее без одводен систем и канализациона мрежа но за владетелите на Мохенџо Даро било особено значајно нивните жители да имаат пристојни услови за живот, па така им го изградиле првиот водоводно - одводен систем во светот. Во секоја од куќите имало бањи и нужници. Водата и нечистотиите низ цевките истекувале во одводот кој бил изграден под улиците. Над одводните канали биле оставани рамномерно распоредени отвори со капаци, низ кои градските чистачи можеле да слезат во одводните канали и да го отстранат можниот застој. Низ одводот водата и нечистотиите најпосле истекувале на одредени места надвор од градот. Мохенџо Даро бил граден според линиски мрежест ситем: сите главни улици биле поставени паралелно и биле поплочени во насока север – југ. Сите куќи имале тераси и повеќето биле на два спрата, биле градени од печени тули, а луѓето користеле битумен за да се заштитат од влага.Овој град имал издигната цитадела во која имало храмови, јавна бања со централно затоплување, сали (веројатно палати) и складови за жито.

Би требало да ги наведам и карактеристиките и условите на Македонија како "нормална" земја за живот.

Поради тоа што не сум имал прилика да ја прошетам цела своја татковина, моите заклучоци за неа ќе ги сведам само на мојот роден крај Преспа и на македонската престолнина. Сметам дека овој анализиран примерок ќе биде погоден да ги задоволи споредбените материјали бидејќи се работи за главниот град Скопје кој би требало да е административно политички, културен, стопански и образовно - научен центар и Преспа како земјоделски –" индустрискo" подрачје:

канализација

Можеби за некого ќе изгледа смешно и нереално но голем број селски населби, а и поедини делови од градското подрачје во Ресен НЕМААТ канализациона мрежа и својот одвод го спроведуваат во септички јами. Да не зборуваме за улиците низ кои мора да ги извршуваат своите секојдневни обврски. Кал и дупки во селата, понапредните имаат чакал, и крпени улици во градот на кои секоја година се забележува нова дупка.Мрежест систем на улици.!? Па Преспа е одличен пример за мрежест ситем на паралелни улици. Само што тука под поимот мрежест се подразбира пајажина за муви или некоја оката дотраена рибарска мрежа.

Рамномерно распоредени отвори со капаци?! Тука да, има отвори ама без капаци, а и тешко дека се рамномерни. Јавна бања???? Имам видено неколку јавни wc – иња ама тешко дека некој би се осмелил да влезе во нив. Додека нашите институции изјавуваат дека ги изненадила зимата и се расправаат со граѓаните, како две жени на чешма, дали парното да се уклучи кога ќе почне календарски зимската сезона или малку покасно, пред 5000 години во Мохенџо Даро имале ЦЕНТРАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ. Во меѓувреме нашиве анализирани градови се надеваат дека се во 50 годишниот план за приклучување кон гасификациона мрежа. Јавни складови за жито биле сосем нормална работа во тоа време , а сега чекаме некој од Дубаи да ни изгради исти такви само малку помодерни и демек за јаболка.

Прибирајќи податоци за дамнешнава цивилизација се запрашувам дали би ни било подобро да се родевме пред 5000 години и дали ќе треба да чекаме уште 2500 години за да ги уживаме ваквите благодети.

Преспанец

23 декември 2013 - 10:47