Писма на читатели

Шумата над Љубојно

Некој во јавното претпријатие „Македонски шуми“ решил да ја соголи шумата над селото. Шумата која му дава душа на селото и во која се сместени две цркви. 

Здраво Трендо, 

Ти пишувам со надеж дека можеби ќе го објавиш текстов на офф.нет. 

Љубојно, едно од најубавите села во Македонија се соочува со голем проблем. 

Некој во Македонски шуми решил да ја соголи шумата над селото. Шумата која му дава душа на селото и во која се сместени две цркви. 

Таа шума го штити селото од поплави и лизгање на земјиштето поради стрмниот предел, и никој жив не памети масовна сеча во тој дел, се спомнува дека последен пат тоа се има случено пред 75 години. 

На сликите се гледа како изгледа шумата и каде веќе е направен голосек. 

Жителите денес организираа еден мирен протест на сред село и на локацијата каде што моментално се сече.

12 август 2025 - 14:03